Анџелина Џоли и Бред Пит најмиле психијатар за својот седумгодишен син Пакс поради насилно однесување. Извор близок на семејството изјавил дека станал вистински насилник. Ги малтретирал петгодишната Шилох, па дури и својот постар брат Медокс. Многу тешко се сложувал со своите браќа и сестри.


Се претпоставува дека Пакс е по проблематичен од останатите деца бидејќи бил посвоен кога имал три години и веќе проживеал тешки моменти во виетнамскиот дом за сирачиња. Анџелина и претходно зборувала дека Пакс тешко се прилагодува и дека треба да свати како покрај себе има цело семејство.