Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит купиле куќа во Лондон за 10 милиони фунти. Станува збор за имотот Ворн Плејс во Ричмонд кој минатото лето го изнајмувале за 30 илјади фунти месечно. Џоли и Пит ќе можат да уживаат со своите деца на имотот кој имал голема градина, затворен базен во близина на куќата, две големи кујни и доволно соби за сите нивни деца.
Инаку, познато е дека парот обожава да престојува во Лондон, па за нивните роднини и пријатели не било никакво изненадување што ја избрале токму англиската престолнина да им биде база во Европа.