Откако Анџелина Џоли објавила и ја образложила својата шокантна одлука за отстранување на градите, одлучила и што побрзо да се венча за својот долгогодишен партнер Бред Пит. Веќе со месеци се зборува за нивната свадба, а иако парот требало да се венча во нивниот француски замок во Шато Миравал, сега се споменуваат и нови дестинации за големиот ден. Босна и Херцеговина, Хаити и Камбоџа се локации кои би можеле да ги изберат за свадбата, бидејќи така ќе дадат свој допринос на глобалната заедница.

Можеби звучи претенциозно, но Анџелина верува дека сега треба да се заложи за постигнување на своите цели. Тоа би се вклопило во нејзината хуманитарна работа и таа би сакала тој дел од нејзиниот живот да биде во склоп на тоа. Познато е дека Џоли е поврзана со Босна и Херцеговина бидејќи таму го снимила својот прв филм како режисерка.