Светски познатиот пар, чија свадба сите ја очекуваат, одлучил плановите за свечениот настан да ги стави во мирување. Холивудските супер ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит пред неколку месеци конечно се вериле, но датумот за свадбата сепак не е толку близу. Се зборуваше дека заветите ќе ги кажат во замокот во Франција ова лето, но по се изгледа целата церемонија ќе биде одложена.

Анџелина не му се придружила на Бред во Кан на премиерата на неговиот филм ‘Killing them Softly’. Сега плановите за свадбата биле во хаос, бидејќи актерката снимала дури три филма. Славниот пар и нивните деца моментално живеат во Ричмонд, во југозападниот дел на Лондон.