Холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит го посетиле американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа. Претседателот разговарал со познатиот пар за спречување на сексуалното насилство над жените. Посетата се случила пред Обама да замине на службено патување во Чикаго. Парот во тоа време бил во Вашингтон на промоцијата на режисерскиот првенец на Џоли, па со задоволство ја прифатиле поканата.

Фотографите успеале да ги фотографираат гостите преку прозорецот. Анџелина носела едноставен црн фустан, додека нејзиниот партнер носел црно одело, очила и стап, од кој во последно време не се одвојува поради повредата која ја добил на скијање. Јавноста негодувала на посетата поради фактот што Обама приредувал луксузни забави додека земјата е во рецесија.