Холивудскиот златен пар, Анџелина Џоли и Бред Пит се соочува со сериозна криза во бракот, откако се појавија наводи дека убавата актерка го изневери сопругот, пишуваатсветските медиуми. Анџелина, која моментално во Камбоџа го снима филмот “First They Killed My Father”, наводно го изневери сопругот со еден од камерманите на сетот.
Како што пренесуваат светските медиуми, Анџелина и нејзината нова симпатија отворено флертуваат на сетот, а привлечноста меѓу нив е толку силна што не можат да ја сокријат. Неименуван извор кој се нашол на лице место, изјави дека отворено флертуваат и се многу блиски на снимањата. Во една прилика обајцата само исчезнале, а Анџелина се вратила со голема насмевка на лицето. Претставниците за медиумите на славниот пар сеуште не потврдија ниту една од овие информации, а медиумите истакнуваат дека Бред планира да ја напушти Анџелина и да заснова дом во Англија.