Анџелина Џоли, која моментално престојува во Велика Британија, го користела секој слободен момент за часови по летање, во кои многу уживала. Холивудската актерка, која љубовта кон опасностите ја преточи и во улогата на Лара Крофт во филмовите „Томб Рајдер“, неодамна уживала и во уште една активност која го подигнува адреналинот.
Станува збор за летањето, во кое актерката се испробала во Велика Британија, и тоа во друштво на својот син Медокс. Иако Анџелина важи за искусен пилот, во американските медиуми била отворена дебата на тема дали е воопшто безбедно да се лета со дете.