По се изгледа славната актерка Анџелина Џоли повторно ќе ја земе режисерската палка во своите раце. Наводно била заинтересирана за режијата на филмот „Fifty Shades of Grey“, која всушност е адаптација на познатиот еротски роман на Е.Л. Џејмс.

Станува збор за студентката Анастасија Стил која потшишува договор со манипулативниот милијардер Кристиан Греј. Со договорот таа се обврзува на улога на негова садо-мазо партнерка. Доколку се одлучи на режирање на еротскиот трилер, на Џоли тоа ќе и биде втор режисерски филм по контраверзниот „Во земјата на крв и мед“.