Анџелина Џоли официјално потпишала договор за улогата на Клеопатра во новиот филм за легендарната египетска кралица. Продуцентот на филмот Скот Рудин изјавил дека филмот помалку ќе биде концентриран на чуената заводливост на Клеопатра, а повеќе на нејзините политички амбиции.
Актерката во таа улога ја наследува најпознатата филмска Клеопатра, неодамна починатата Елизабет Тејлор. Елизабет на снимањето на Клеопатра страсно се вљубила во Ричард Бартон, кој го глумел Марко Антониј. Сеуште не е познато кој во најновата филмска приказна за Клеопатра ќе го игра ликот на Марко Антониј.