Холивудската актерка Анџелина Џоли допатувала во Турција, на границата кон Сирија, каде ќе ги посети бегалците од таа земја. Џоли, која е амбасадор на Обединетите Нации, пристигнала со приватен авион. Во таа област кампувале околу 10 илјади бегалци кои побегнале од немирите во Сирија.
Турските власти поради посетата на холивудската звезда презеле големи мерки за обезбедување, спречувајќи било каков контакт, изјави или фотографии. Најавено било дека само официјалниот фото репортер ќе има можност да ја фотографира и дека потоа фотографиите ќе бидат проследени до медиумите.