Холивудската филмска ѕвезда и амбасадорот на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (UNHCR), Анџелина Џоли, отишла во посета на бегалците на туниско-либиската граница. Бегалците во прифатилиштето Чича, транзитен центар за десетина илјади луѓе кои бегаат од Либија, се туркале за да ја видат ѕвездата.
Славната актерка посетила два шатори со бегалци, а потоа се состанала со официјалните лица на UNHCR кои управувале со центарот за бегалци. Немирите во Либија траат од 15 февруари, кога опозиционите сили се спротиставија на режимот на Муамер Ел Гадафи.