Холивудската актерка Анџелина Џоли неодамна со својот партнер Бред Пит и нивните шест деца го посетила Еквадор. Среќното семејство уживало во преубавите плажи, а ова им било прво патување откако ја објавиле веридбата. Тие најпрво уживале на плажите Галапагос, преубавиот архипелаг од вулкански острови, а биле сместени во хотелот “Rojal Palm” кој се наоѓа на монденскиот остров Санта Круз.
После семејното уживање, преубавата актерка, која повеќе од десет години работи како амбасадор на “Unicef”, била во главниот град на Еквадор. Таму имала можност да се сретне со бегалците кои се доселиле во таа земја бегајќи од насилствата во соседната Колумбија. Таа се сретнала и со министерот за надворешни работи на Еквадор и се обидела да им даде морална поддршка на бегалците. Ова и била трета посета на бегалците во оваа земја.