По успехот на првиот филм “Sin City”, режисерот Роберт Родригез размислува за продолжение во кое би можело да глуми дури и Анџелина Џоли. Роберт Родригез открил дека пишувањето на сценариото за “Sin City 2” моментално е во тек, и дека додека не се заврши тој дел нема да зборува за актерите кои ги избрал, но признал дека нема да му биде проблем да доведе големи имиња како Анџелина Џоли или Рејчел Вајс, бидејќи првиот филм бил многу добро прифатен меѓу гледачите.


Самоуверениот режисер кој во 2005 година популарниот стрип го преточил на филмското платно раскажал дека во првиот филм на гледачите им се допаднал светот кој им го претставиле, како и шансата да си поиграат во таа арена, па токму затоа нема сомнение дека голем број познати актери ќе се натпреваруваат за да влезат во филмот.