Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли ќе ја игра насловната улога во новиот филм на Ридли Скот, “Gertrude Bell”. Филмот ќе го следи животот на познатата англиска политичарка и писателка Гертруд Бел, која од нејзините современици била наречена „женскиот Лоренс од Арабија“.
Пред првата светска војна станала значајна фигура во политиката на Блискиот исток, а посебно имала големо влијание во одредувањето на границите на Ирак. Работела и како археолог, истражувач, дипломат и фотограф. Рили Скот моментално го снима научнофантастичниот филм „Прометеј“, а Анџелина Џоли се спрема да го прикаже својот режисерски првенец „Земјата на крв и мед“.