Откако ги родила близнаците, Нокс и Вивиен, на Анџелина Џоли и било толку тешко што е разделена од своите останати деца, што била на работ да доживее нервен слом. Во болничката соба се чувствувала како животно во кафез и плачела цела недела.


Утеха не успеал да и пружи ниту нејзиниот сопруг Бред Пит. Изворите наведуваат дека актерката само седела на креветот и плачела, чекајќи што побрзо да ги види Медокс, Пакс, Захара и Шајло.