Актерката Анџелина Џоли го искористила слободниот ден кој го имала за време на снимањето на филмот “Unbroken”, па своите шест деца ги одвела на претставата “The Lion King” во театарот во Сиднеј. повеќе, се чини, уживала екипата од претставата која не ја пропуштила можноста да се фотографира со познатата актерка и нејзините деца. Анџелина позирала со целата екипа, а и се придружиле и децата.
Убавата актерка ја искористила можноста да се потпише на ѕидот зад сцената и да остави коментар дека претставата всушност била едно прекрасно шоу. Додека Џоли била со децата во Австралија, Бред останал во Велика Британија каде ја снима драмата “World War II”. Актерката наскоро ќе ја гледаме на големото платно во остварувањето на Дизни “Maleficent” каде го толкува ликот на лошата вештерка од класикот „Заспаната убавица“.