Холивудските ѕвезди, бар поголемиот дел од нив, не се заинтересирани за кујната. За нивната исхрана, бидејќи такво нешто можат да си дозволат, се грижат професионални готвачи и нутриционисти. Таква била и Анџелина Џоли, на која готвењето сигурно и било последното нешто на памет. Барем досега. Имено, судејќи според изјавите на пријателите, на тоа дошло крај и една од најубавите жени на светот одлучила да се посвети на кујната.

На тоа ја навеле лошите навики на нејзиното семејство во исхраната. Семеен пријател вели дека има шест деца и Бред пит кој во кујната е ужансо неспретен. Во семејството единствено знае да готви синот Пакс. Анџелина посакала и нејзините деца да кажат дека нивната мајка готви најдобро. Со часови по готвење почнала во паузите на снимањето на филмот “Unbroken“ во Австралија и совети и дава нејзиниот приватен готвач. Дали ова е само моментално, или навистина решила да биде мајстор на шпоретот, ќе покаже времето.