Анџелина Џоли во интервју за американските медиуми рекла дека без оглед на медиумските написи не направила ниту една пластична операција. Рекла дека доколку некој се радува на фактот дека отишла под нож, таа тука не може ништо бидејќи тоа едноставно не е вистина.


Додала дека луѓето понекогаш сакаат да веруваат во нешто што не е вистина како би се чувствувале подобро. Во интервјуто уште изјавила и дека се повеќе сака да ја работи својата работа бидејќи ужива во животот повеќе од кога и да е. Откако ги добила децата целиот нејзин распоред се вртел околу нив. Тие ја расположувале секој ден и ја потсетувале на тоа што навистина и е важно во животот.