Режисерскиот првенец на актерката Анџелина Џоли ќе носи наслов „Во земјата на крв и мед“, а премиерно ќе биде прикажан во декември во САД. Љубовната приказна сместена за време на војната во Босна ќе почне со прикаживање во американските кина на 23 декември.


Главните улоги во филмот ги имаат Жана Марјановиќ, Горан Костиќ и Раде Шербеџија. Анџелина Џоли изјавила дека поранешна Југославија има мошне богата историја на драмска уметност. Филмот предизвикал големи контраверзии во Босна, каде претставниците на жените кои биле жртви во војната протестирале поради гласините дека темата на филмот е љубовна приказна помеѓу муслиманка и србин кој ја силува, Тие гласини Анџелина Џоли повеќе пати ги демантирала.