Со Оскар наградената холивудска актерка и активистка Анџелина Џоли, поставена е за гостин професор во една од најпрестижните британски универзитетски установи. Лондоноското училиште по економија денес соопшти дека Џоли ќе работи со студентите кои припремаат магистратура од областа „Жените, мирот и безбедноста“. На истиот курс ќе предава и поранешниот министер за надворешни работи на Велија Британија Вилијам Хејг.
Џоли порача дека се надева како другите академски установи ќе го следат овој пример, бидејќи е клучно да се прошири дебатата за унапредување на правата на жените, и за ставање точка врз неказнивоста на злосторствата со кои непропорционално многу се погодени жените, како што е сексуалното насилство за време на воените судири. Таа додава дека е среќна што ќе држи настава и што ќе учи од студентите, како и што ќе го пренесе своето искуство од соработките со државите и Обединетите Нации.