Неодамна Бред Пит и купил куќа на непозната жена, жртва на ураганот Кетрин во Њу Орлеанс, а заедно со Анџелина редовно и уплатуваат пари на сметката. Анџелина во понеделникот одлетала во Пакистан за да организира собирање средства за жртвите кои ги погодила поплавата.


Со помош на Бред планира да ги сними жртвите и да емитува снимки со што ќе успее да собере околу дваесет милиони долари, од кои самата веќе донирала повеќе од половина милион. Минатата година издвоила околу еден милион долари за да им помогне на пакистанците кои биле загрозени од талибанските напади.