Анџелина Џоли ќе покрене нова организација за борба против ракот. Организацијата ќе носи име по нејзината мајка, Марселин, тетката Дебра и вујкото Ралф, односно „Marcheline Debra and Raleigh Foundation“. Сите тие починале од последица на оваа тешка болест.

Веста ја обелоденил вујкото на Анџелина Рон Мартин, а во целата приказна ќе биде вклучен и таткото на актерката Џон Вијт како и братот Џејмс. Инаку, неодамна се појавила вест дека Анџелина го почестила Бред со остров во облик на срце, како подарот за 50. роденден, меѓутоа сопствениците на островот тоа го демантирале.