По успешното режисерско деби со филмот „Во земјата на крв и мед“, Анџелина Џоли се враќа во актерските води и тоа со улога во акциониот трилер на Лук Бесон. Филмот би требало да почне да се снима на почетокот на следната година.
Официјално било потврдено дека Анџелина Џоли ќе ја има главната улога во акциониот трилер, кој е оценет како продолжение на големиот хит на Бесон од 1994 година „Леона“. Освен што го промовирала својот филм и договорила соработка со Бесон, Анџелина Џоли би требало и да ја игра улогата на Клеопатра, па се очекува обврските околу децата да ги преземе Бред Пит.