Во американските таблоиди неодамна се појавила вест дека Бред Пит отворено флертувал со непозната девојка во еден клуб, а оваа вест многу ја вознемирила Анџелина Џоли, со оглед на тоа што актерот ја Оставил Џенифер Анистон токму поради неа.

Извор близок на парот изјавил дека Анџелина нема никогаш во потполност да му верува на Бред бидејќи својата врска ја започнале како љубовници додека тој сеуште бил во брак со Џенифер Анистон. Многу била несигурна кога бил во прашање Бред. Знаела дека тогаш ја изневерил својата сопруга па се прашувала зошто тоа не би го сторил и сега.