Анџелина Џоли со децата се преселила во Будимпешта поради снимањето на нејзиниот режисерски првенец. Медокс и Пакс таму ќе посетуваат престижно француско училиште, додека Шилох и Захара ќе одат во градинка. Грижата за децана на Анџелина ќе ја чини околу 20 илјадо евра месечно, но тоа не е ништо во споредба со сумата која ќе ја плаќа за изнајмувањето на куќата.
Имену, вилата со 15 соби во која ќе живее со децата три месеци ќе ја плаќа околу 30 илјади евра месечно. Единственото барање кое го имала при изборот на куќата во Будимпешта било куќата да биде максимално заштитена од папараците. Изразила желба за неа и за нејзиното семејство да готви Лазар Ковач, сопственик на една слаткара во Будимпешта.