Актерката не сакала акционите сцени во нејзиниот најнов филм да ги снима каскадерка па поради тоа се здобила со сериозни повреди. Изјавила дека во текот на кариерата снимила многу посложени сцени од оваа во која се повредила. Требала едноставно да се истркала откако ќе удри во стол, но не одело се според планот па останала да лежи со посекотина на главата.
Обилно крварела, но за раната се погрижил лекарот на снимањето и сега имала само мала лузна над веѓата. Во еден момент помислила дека има потрес на мозокот, но за среќа повредата не била толку сериозна. Сепак успеала сите сцени на филмот да ги сними сама без помош на каскадери.