Вереницата на Бред Пит се загрижила поради книгата која ја напишала Џенифер Анистон и во која ќе открие некои важни детали од минатото. Џенифер Анистон наводно во својата книга ќе открие детали за тоа како се запознале и „смувале“ Анџелина и Бред додека таа сеуште била во брак со актерот.
Извор за медиумите рекол дека Анџелина долго се трудела да го изгради својот имиџ на хуманитарка и да се огради од публиката кога почнала да се забавува со Пит. Токму кога помислила дека фановите на Анистон и нејзините фанови заборавиле, и дека имиџот на растурач на бракови е конечно зад неа, се појавила приказната за книгата. Џенифер, која сега е верена за Џастин Теру, открила сегмент од книгата во која детално опишува дека разводот од Бред Пит бил многу болен за неа.