Актерката Анџелина Џоли конечно прифати да се омажи за Бред Пит, призна дека е трудна и најави дека ќе земе  одмор заради бременоста. Откако долго се противеше на бракот, а со Бред има и вонбрачно биолошко дете, 32-годишната Анџелина конечно реши да го преземе одлучувачкиот чекор.

Парот соопшти дека венчавката ќе биде на мала и приватна церемонија, во близина на нивниот дом во Санта Барбара.

„Веќе некое време разговараат за брак, заедно се три години и среќни се. Сега кога Анџелина се помири со мајката на Бред, со која долго време беше во лоши односи,нема повеќе препреки за нивното венчавање“ изјавил еден нивни  пријател.

Анџелина и мајката на Бред, Џејн , наводно биле во лоши односи  затоа што Џејн останала блиска со бившата жена на Бред, Џенифер Анистон и после нивниот развод во 2005 година.
Анџелина и Бред имаат четири деца, девојчињата Шилох и Захара и момчињата Медокс и Пакс.

ohridnews