Холивудската актерка Анџелина Џоли се појавила на црвенот тепих на лондонската премиера на својот филм ‘Unbroken’ во придружба на воените сили, но без Бред Пит. Таа и сопругот имале кавга во Австралија, а будните папараци снимиле се. Од Сиднеј секој отишол на своја страна во приватен авион. Славниот пар се венчал пред три месеци после долгогодишната врска, но се чини дека не е се така совршено.
Џоли во интервју открила дека „титулата“ сопруга не и „легнала“ потполно и дека се обидува да преземе некои домашни обврски. Рекла дека ќе биде подобра сопруга и дека ќе научи да готви, и дека ќе ги совлада сите обврски кои ги има една сопруга. Бред знаел за нејзините ограничувања и каде е добра како мајка и сопруга. Згодната Анџелина на црвенио тепих заблескала во бел фустан, а покрај неа позирале поранешни членови на британската војска.