Анџелина Џоли раскажала дека со задоволство би ја заменила кариерата како актерка за онаа во политиката, доколку процени дека со својот ангажман навистина би можела да помогне. Актерката која е позната по активностите во ОН и по бројните хуманитарни акции гостувала во популарната американска емисија “Good morning America”. Рекла дека би се обидела да се кандидира за некоја пониска политичка позиција, но се плаши дека никој не би ја сватил сериозно и дека на крајот нејзиниот ангажман не би помогнал никому.
Меѓутоа, додала дека ако се одлучи на такво нешто не би се грижела поради некои случки од нејзиното минато кои повторно би можеле да испливаат, како бурната врска со Били Боб Торнтон, бакнежот со братот и слично. Исто така зборувала и за нејзината венчавка со Бред Пит. Вели дека нивните деца инсистираат таа да биде тематска и тоа во знакот на Пеинтбол. Рекла дека навистина не го одредиле датумот и дека не кријат ништо од јавноста, едноставно ништо не планирале.