Анџелина Џоли демантирала дека боледува од анорексија и открила дека моментално најголема желба и било да се здебели за седум килограми. Актерката ги отфрлила обвиненијата дека има пореметување во исхраната. Анџелина, која е љубител на храната рекла дека отсекогаш била слаба и дека ниту неа не и се допаѓало тоа што во моментов има недостаток на килограми. Рекла дека иако за повеќето луѓе кога ќе се каже дека се слаби, тоа се сваќа како комплимент, неа тоа ја вознемирувало.
Додала дека многу сака црвено месо. Долго време била вегетаријанка и тоа за малку ќе ја убиело, бидејќи не внесувала доволно хранливи состојки. Според зборовите на експертите, нејзината тежина би требало да изнесува најмалку 57 килограми.