Анџелина Џоли мајчински уживала во играта со ирачките деца бегалци во Дамаск и со тоа ги поттикнала шпекулациите дека е спремна да посвои уште едно дете. Актерката неодамна признала дека повторно сака да го прошири семејството. Бред Пит наводно е против тоа, бидејќи смета оти треба најпрво да ги подигнат овие шест деца на нозе. Џоли сака да посвои едно тригодишно девојче од Етиопија.


Извор од домот за сирачиња изјавил дека Анџелина при посетата се заљубила во девојчето. Актерката во 2006 година го посвоила тогаш 6-месечното девојче Захара исто така во Етиопија. Три години претходно го посвои првото дете, Медокс, од Камбоџа. Со Бред Пит имаат и три биолошки деца.