Американската актерка во понеделникот ја посетила Доминиканската Република. Таму ги посетила децата кои биле повредени во земјотресот и кои се наоѓаат на лечење. Сепак се потрудила да ги насмее додека ги посетувала најмладите од кои поголемиот број биле одвоени од родителите. Своето внимание посебно го посветила на едно десетгодишно момче кое останало без нозе.
Актерката неодамна со претседателот на Доминиканската Република разговарала за потребната помош за настраданите, но и за можноста да посвои дете. Еден близок пријател изјавил дека не е тајна дека таа сака се уште да посвојува деца. Освен децата, Анџелина ги посетила и кампот за бездомници, волонтерите и војниците кои помагаат во обновување на разрушените места.