Актерката Анџелина Џоли после двојната масектомија планира да се подлегне на уште една операција. Меѓутоа, овој пат, операцијата сака да ја направи од естетски причини. Таа има намера да ги оперира вените кои и се изразито видливи на рацете, поради што одамна има комплекси, велат нејзините блиски пријатели.
Бидејќи за најавената венчавка со Бред Пит избрала фустан без ракави, не и допаѓа како во него и изгледаат рацете. И самата рекла дека не сака на фотографиите да изгледа како чудо. Се разбира, сето тоа полесно би се довело во ред доколку малку се здебели, но тоа не и паѓа на памет. Толку била зафатена што не стигнувала ниту да јаде. Освен тоа, близок извор изјавил дека сака да остане витка бидејќи смета дека така го задржува својот сексипил.