Неодамна Бред Пит и Анџелина Џоли дале неколку изјави дека би сакале да го прошират своето семејство.
“Би можела повторно да забременам“, рекла во неодамнешно интервју Анџелина, а се чини дека тоа не го рекла напразно.
Близок извор на познатиот пар открива дека Анџелина го очекува своето седмо дете и им зборува на пријателите дека не може да дочека повторно да стане мајка.


“Бремена е веќе три месеци“, вели изворот близок на парот. “Сеуште не сака јавно да потврди за својата бременост, но им кажа на најблиските“.
“Обожавам кога сум бремена. Тогаш целото тело му служи на детето“, е изјава на Анџелина во едно поранешно интервју.