Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли ќе го режира својот следен филм “Unbroken” во Австралија, на локации во Сиднеј и руралните области на Нов Јужен Велс. Филмот, чие дејство е сместено во периодот на Втората Светска Војна, ќе биде втор режисерски потфат на познатата актерка. За прв пат застанала пред камерата во 2011 година со контраверзното остварување „Земја на крв и мед“. Актерката неодамна престојувала во Сиднеј со децата поради пронаоѓање локации.
Претставници на австралиската држава Нов Јужен Велс велат дека овој проект, во продукција на студиото Универзал Пикчрс, ќе ја зајакне локалната економија со прилив од неколку милиони долари и ќе створи најмалку 300 нови работни места. Заснован на бестселерот на Лора Хиленбранд, “Unbroken” раскажува за неверојатната животна приказна на олимпискиот и воен херој Луи Замперини, кој ќе го глуми Џек О’Донел. Многу успешни холивудски филмови, како што се „Волверин“, „Големиот Гетсби“ и „Лего“ се снимени токму во Нов Јужен Велс.