Познатата актерка и сопруга на Бред Пит, Анџелина Џоли, повторно е бремена, објавил американскиот магазин “In Touch“. Иако пред само неколку месеци во Франција ги роди близнаците, Нокс Леон и Вивиен Маршелин, прекрасната актерка решила на сопругот да му подари уште едно дете во рекорден период.
Анџелина, својата бременост им ја потврдила на нејзините продуценти од новиот филм “Salt”, па поради неа го забрзале целиот процес на снимање. Заедно со сето тоа, светските медиуми наведуваат дека нејзиниот невенчан сопруг и татко на шесте нивни деца, Бред Пит, не е ни малку среќен поради бременоста на Анџелина, бидејќи не била планирана. Инаку, портпаролот на актерката ги демантира сите овие гласини.