Анџелина Џоли за прв пат по раѓањето на близнаците се појавила во јавност и сјаела како и секогаш.
Дотерана, внимателно нашминкана и со насмевка на лицето, Анџелина на најдобар можен начин ги демантирала гласините дека ја мачи постпородилна депресија. За своето прво појавување по породувањето, Анџелина ја одбрала вечерта во Њујорк по повод излегувањето на нејзиниот нов филм ‘The Changeling’ во режија на Клинт Иствуд.
Облечена во сив металик балонер и црни чизми на високи потпетици, актерката со задоволство позирала за мнозинството насобрани фотографи, покажувајќи го својот ненаметлив гламурозен стил.
Инаку, убавата актерка со целото семејство допатувала во Њујорк за да направи се што е потребно за премиерата на филмот најавена за оваа недела.