Славната американска актерка и режисерка Анџелина Џоли објави дека добила сипаници и дека поради оваа детска болест нема да присуствува на настаните во врска премиерата на нејзиното второ режисерско остварување, драмата „ Анброкен“ чие дејствие е сместено во периодот на Втората светска војна.
„Сакам да бидам искрена и да ви кажам дека следните неколку денови нема да присуствувам на настаните во врска со филмот , бидејќи вчера открив дека добив сипаници“, објавила Анџелина Џоли на Youtube.
Филмот „Aнброкен“, воена драма за преживувањето на американски војник во јапонско заробеништво во текот на Втората светска војна, ќе ја има својата светска премиера во американските кина во понеделник. Станува збор за второ режисерско остварување на Џоли, по филмот „Во земјата на крвта и медот“, чијашто тематика исто така беше воена, се занимаваше со војната во Босна и Херцеговина.
OhridNews
извор Макфакс