Анџелина Џоли потврдила дека нејзината актерска кариера е готова и дека во потполност ќе се посвети на пишувањето и режирањето. Убавата оскаровка признала дека никогаш не сакала да биде пред камерите, како и дека е многу посреќна како режисерка и сценаристка.
Својата одлука јавно ја соопштила при австралиската промоција на новиот филм ‘Unbroken’ кој го режирала. Уште на почетокот на оваа година навестила дека улогата на Клеопатра ќе и биде последна во кариерата. Во даденото интервју рекла дека никогаш не се чувствувала удобно како актерка, ниту сакала да биде пред камерита. Објаснила како се надева дека ќе може и во иднина да режира бидејќи кога го работи тоа е најсреќна. На прашањето дали има намера во потполност да се откаже од глумата, таа одговорила: „Апсолутно“.