Анџелина Џоли ги демантирала наводите дека во својот прв филм, љубовна приказна помеѓу србин и муслиманка, ќе глуми и самата. Актерката изјавила дека ќе биде режисер и продуцент на филмот и дека целосно се посветила во пишување на неговото сценарио. Во филмскиот проект сака да вклучи што повеќе домашни актери.
Иако кружеа гласини дека филмот е политичка приказна, Анџелина во официјалното соопштение навела дека актерската екипа ќе се состои од актери од различни националности и дека се работи за љубовна приказна која се одвива за време на војната.