Една од најсексипилните актерки на денешницата за списанието „Венити Фер“ изјавила дека нема ништо против венчавката. Таа со Бред Пит живее веќе неколку години и вели дека иако не се венчале се чувствува како да е во брак. Го сака Бред во сите форми, па дури и со густата брада поради која го изгуби статусот за најзгоден актер во Холивуд.


Актерката за истото списание изјавила дека глумата повеќе не и е најважната работа во животот и дека мисли оти со тоа нема уште долго да се занимава. Додала дека глумата и помогнала да се изгради како личност и дека со неа полесно се изразува. Сега на прво место и е семејството и сака на него да го посвети сето свое време.