Познатата актерка Анџелина Џоли можеби ја прифати последната улога поради своите деца, но кога е во прашање глумата, таа не би сакала нејзините деца да тргнат по стапките на родителите, бидејќи смета дека не е здраво да се занимаваат со таа работа. Нејзината ќерка Вивиен во филмот глумеше покрај својата мајка, но Анџелина е стриктна во тоа дека нема да им дозволи на децата да станат филмски ѕвезди.
Таа рекла дека сака да се занимаваат со глумата само поради забава, а кога ќе пораснат и бидат изградени личности, тогаш можат самите да одлучуваат за своите професии, но засега, додека се деца не сака да го изберат патот на глумата. Додала дека таа и Бред никогаш не сакале децата да им станат актери, но исто така сакале да бидат дел од некој филм, бидејќи филмот бил голем дел од нивните животи. Таа заклучила дека останала зачудена кога видела колку добро нејзината ќерка се снашла во улогата на малата принцеза Аурора.