Анџелина Џоли и Бред Пит се заљубија на снимањето на филмот “Господин и Госпоѓа Смит” во 2005 година додека актерот беше сеуште во брак со Џенифер Анистон. Актерката на Американските медиуми им откри дека би сакал повторно да глуми со Бред, но и дека не верува оти тоа ќе се случи.
Вели дека главна причина е тоа што имаат шест деца и дека некој од рдителите треба да се грижи тие да се среќни и да биде покрај нив. Додала и дека сакаат да пронајдат рамнотежа во нивните животи бидејќи сакаат да ги едуцираат децата, но и да ги остварат личните соништа како актери и обични луѓе. На крајот заклучила дека и покрај се семејството им е на прво место.