Сега веќе е јасно, Анџелина Џоли и Амал Клуни нема никогаш да бидат пријателки. Нивниот однос, како што пишуваат американските медиуми, влијае и на пријателството на Бред Пит и Џорџ Клуни. Иако двајцата актери се врзани со големо пријателство, односите во поседно време наводно им се заладени. Тоа се видело и на венчавката на Амал и Џорџ. Сите очекувале на свеченоста да се појават и Бред и Анџелина, но тоа не се случило. Наводно Анџелина била таа која одбила да оди на церемонијата.
Во последно време американските медиуми пишуваат дека Анџелина е љубоморна на Амал, посебно на нејзината независност, образование и на професионалниот успех. На славната Енџи не и се допаѓаат ни некои политички ставови на атрактивната Амал, односно не и се допаѓаат некои клиенти на познатата правничка. Покрај тоа, на либералната Анџелина не и се допаѓаат ни некои конзервативни животни ставови кои ги има госпоѓата Клуни.