Иако од нејзиниот последен филм „Турист“ мина многу време, Анџелина Џоли и понатаму добро заработува на други начини. Списанието Форбс ја сместило на првото место на листата најплатени актерки, бидејќи за една година заработила дури 33 милиони долари. По заработката ја надминала Џенифер Лоренс, која го зазела второто место со 26 милиони долари.
Следува Кристен Стјуарт со 22 милиони долари, а на четвртото и петтото место биле Џенифер Анистон и Ема Стоун. Партнерката на Бред Пит, која оваа години ги отстранила дојките, го позајмува гласот во анимираниот филм “Maleficient”. Цртаниот ќе се појави следното лето, а хонорарот на Џоли изнесува 15 милиони долари.