И покрај тоа што не снимла многу филмови минатата година, Анџелина Џоли ја одбранила титулата за најдобро платена холивудска актерка, благодарение на заработката од 33 милиони долари. Меѓу колегите најдобар бил Роберт Дауни Џуниор со заработени 75 милиони. На заедничката листа Анџелина е единствена дама во топ десет. Втора на листата најплатени е младата Џенифер Лоренс со 26 милиони долари, а бронзената позиција и припаднала на Џенифер Анистон со заработка од 20 милиони долари.
Американскиот центар ги споредил заработките на холивудските актери и актерки и заклучил дека жените, сепак, заработуваат помалку од мажите, бидејќи на списокот најдобро платени Анџелина е дури на деветтото место и е единствена дама во првите десет. Најдобро платен актер е Роберт Дауни Џуниор, а по него следуваат Ченинг Тејтум со 60 милиони долари, Хју Џекмен со 55, а миленикот на женската публика Леонардо ди Каприо е шести на списокот со заработени 38 милиони долари.