Анџелина Џоли изјавила дека нејзината интерпретација на кралицата Клеопатра ќе биде подлабока од онаа на Елизабет Тејлор, која глумела во легендарното филмско остварување од 1960 година. Оскаровката ќе глуми во филмската адаптација на романот „Кралицата на Нил, Клеопатра“ на авторката Стрејси Шиф, а во режија на Џејмс Камерон. Анџелина Џоли изјавила дека Клеопатра била погрешно толкувана. Мислела дека се се врти околу гламурот, но кога ја прочитала биографијата на оваа кралица дознала дека таа била строга мајка, дека зборувала пет јазици и дека била вистински лидер на својот народ.
Изјавила дека нејзиното толкување на ликот на Клеопатра нема да се сведе исклучиво на нејзиниот љубовен живот како што тоа го направила Елизабет Тејлор. Во овој филм ќе се обидат да ја прикажат во вистинско светло како историска личност, а не како секс симбол, бидејќи таа тоа и не била. Додала дека и гласините за нејзините бројни љубовници се неточни, бидејќи имала само две љубови, Цезар и Марко Антониј.