Славната актерка, режисерка и хуманитарка Анџелина Џоли пристигнала во Рим со голема насмевка на лицето. Фоторепортерите ја дочекале уште на аеродромот Циампино, а нејзините деца пристигнале заедно со неа. Актерката и нејзиниот сопруг Бред Пит би требало да се сретнат со папата фрањо во Ватикан, но славниот актер сеуште не пристигнал во градот.

 

Тоа ќе биде нивно посебно дружење со Светиот татко, иако не се сметаат за религиозни. Бред пораснал во баптистичко семејство, а пред две години за медиумите рекол дека нема баш добра врска со верата и дека осцилира помеѓу агностицизмот и атеизмот. Но, без оглед на тоа, тој и Анџелина се восхитуваат на папата Фрањо и го почитуваат неговиот збор. За што ќе разговараат со папата, ќе дознаеме многу брзо.