Иако важи за штедлив човек кој сите пари ги вложува во хуманитарни цели, Анџелина Џоли успеала за 15 минути да потроши речиси 2000 долари. Таа купувала облека за себе и за своите ќерки Захара и Шилох, а очевидците тврдат дека никогаш не била послаба и дека без шминка воопшто не била убава.


Актерката за себе избрала кошула со сенф боја, бел топ и црна сукња, како и неколку огрлици, а на ќеркичката Захара и купила јакна од вештачко крзно, изјавил очевидец кој се затекнал во лондонскиот бутик “French Connection”. Таму Анџелина била на краток шопинг, на кој потрошила речиси 2000 долари.